Дома Фудбал Репрезентации Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Летово, Лионел Меси ја напушти Европа и ја игра својата прва сезона во дресот на Интер Мајами, а на последното интервју зборуваше за периодот кога го носеше дресот на ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега во разговор со аргентинскиот комичар, Миге Гранадос, Меси откри дека само тој од аргентинските фудбалери во ПСЖ не добил признание за светската титула.

„Јас бев единствениот член на аргентинската репрезентација кој не доби специјално признание од својот клуб по освоената титула на СП во Катар. Немав најдобар период во ПСЖ, но станав светски шампион, па така секое лошо за добро.

Знам зошто фановите на ПСЖ ме исвиркуваа, бев дел од репрезентацијата која ги остави без мундијалски трофеј, тие по наша вина не станаа светски шампиони“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Потрагата на Мурињо по „новиот Модриќ“: Се подготвува „чистка“ во Реал Мадрид

Жозе Мурињо ќе ја добие својата втора шанса во Реал Мадрид. За разлика од Карло Анчелоти и…