Дома Фудбал Меси: Тажен сум, напред Аргентина

Меси: Тажен сум, напред Аргентина

Лионел Меси не се најде на списокот на Аргентина за натпреварите од квалификациите за Светското првенство. Причината е повреда, а тој лично се обрати до навивачите по тој повод.

Ѕвездата на Интер од Мајами во последната година и пол пропушти само три официјални натпревари. Сепак, ќе мора да ги пропушти и двата мартовски натпревари против Бразил и Уругвај поради повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Тажен сум што ќе пропуштам многу важни натпревари против Уругвај и Бразил. Сакав да играм, но малите повреди значат дека треба да одмарам, така што не можам да бидам таму. Сепак, ќе го поддржам тимот и ќе навивам како секој друг навивач. Напред Аргентина – напиша Меси во пораката.

Аргентина е лидер во зоната на квалификациите за Јужна Америка. Има пет поени повеќе од второпласираниот Уругвај, додека Бразил е дури петти со седум поени помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Сакам да имам тим кој нема да се предава до последната минута!

Гоце Седлоски се соочува со најголемиот испит во својата тренерска кариера. Легендарниот п…