Дома Фудбал Меси ќе го „предаде“ Лапорта на следните избори за претседател на Барселона

Меси ќе го „предаде“ Лапорта на следните избори за претседател на Барселона

Неколку шпански медиуми објавија дека Лионел Меси би можел да се вмеша во претстојната изборна трка за нов претседател на ФК Барселона и да застане зад кандидат кој би можел да го порази Жоан Лапорта на изборите што се очекуваат во 2026 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што се наведува, аргентинската ѕвезда би се вклучила во поддршка на опозициски кандидат само доколку процени дека има реални шанси да го симне актуелниот претседател од позицијата.

Меси наводно сè уште го чувствува начинот на кој мораше да ја напушти Барселона во 2021 година како голема неправда – тогаш Лапорта му ветуваше нов договор, но во последен момент одлуката била променета, што резултираше со негов заминување како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино за скандалот пред СП: Опуштете се и уживајте

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, порача на фудбалските навивачи да се “опуштат…