Дома Фудбал Мекманаман: На Интер поништен гол заради – ноктот на ногата?!

Мекманаман: На Интер поништен гол заради – ноктот на ногата?!

Спектакуларниот натпревар на Монжуик можеше да заврши со уште неколку голови…

Првиот полуфинален натпревар меѓу Барселона и Интер заврши со резултат 3:3.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Публиката виде неколку атрактивни голови, но и удрени пречки и еден – поништен гол!

Во 75. минута стрелец за гостите беше Хенрик Мхитарјан. Четвртиот пат кога топката заврши во мрежата на Каталонците, но помошниот судија ја крена знамичката, а ВАР потврди офсајд. И тоа минимален!!!

Се работеше за милиметри…

„Не знам како по сето ова се чувствуваат во Интер. Остана без капитенот Лаутаро Мартинез, им беше поништен гол заради ноктот на ногата. Силни се емоциите, но навистина треба да бидат пресреќни поради прикажаната игра“, коментар е за британските медиуми на Стив Мекманаман, некогашниот ас на Ливерпул и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивши судија за инцидентот со Барса – Атлетико: Една од најголемите грешки во подолго време

АТЛЕТИКО триумфираше против Барселона со 2:0 во првата четвртфинална пресметка во Лигата н…