Дома Фудбал Мега-понуда за Винисиус: Шпанците ги открија деталите на договорот

Мега-понуда за Винисиус: Шпанците ги открија деталите на договорот

Реал Мадрид му понуди на Винисиус Жуниор 100 милиони евра за продолжување на договорот до 2030 година. Клубот има доверба во бразилското крило и ќе го задржи и во следните пет години, известува „Ас“ со додаток дека се е договорено и дека се чека само потписот на Винициус под понудата на клубот. Тоа ќе се случи откако ќе заврши сезоната во шпанското првенство и пред почетокот на Светското клупско првенство.

Винисиус има договор со Реал до крајот на јуни 2027 година. Неговиот агент Фредерико Пена „е насочен кон потпишување кратки договори кои им овозможуваат на играчите да бидат сопственици на својата судбина. Затоа Винициус ќе потпише за само три дополнителни години. Ова е неговиот трет договор со клубот. Првиот беше оној кој го поврза со Реал кога имаше 17 години, а вториот кога го обнови договорот првиот пат во 2022 година“, наведува Ас во откривањето на деталите за продолжувањето на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Винисиус при обновувањето во 2022 година договори плата од 75 милиони евра за пет сезони. Според тој договор заработуваше во просек 15 милиони евра нето по сезона. Сега, со оваа нова обнова, се приближува до бројката од 20 милиони нето годишно.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерп…