Место денес Португалија во целост да ја слави убедливата победа против Швајцарија во четвртфиналето од 6:1, главна тема е Кристијано Роналдо кој според португалските медиуми утрово не ги почитувал насоките на селекторот Сантош.
Вчера Фернандо Сантош се одлучи да го остави Роналдо на клупата и предност му даде на Гонсало Рамош. Не погреши Сантош затоа што 21-годишникот блесна со три гола и една асистенција. Роналдо ги одигра последните 20-тина минути од натпреварот кога натпреварот веќе беше решен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што е пракса фудбалерите кои вчера беа стартери утрово работеле во теретана, додека резервистите работат на терен со топка.
Бидејќи Роналдо вчера не беше помеѓу стартерите денес требало да тренира со резервистите, но Португалецот самоволно си заминал во теретана со првотимците и тренингот го одработил таму.
Засега нема информации во медиумите дали имало Реакција на селекторот Сантош поради ваквиот однос.