Името Федерико Редондо во претходниот зимскиот преоден рок се споменуваше неколку пати. Имено, станува зборсин на легендата на Реал Мадрид и Аргентина, Фернандо Редондо.
Се најавуваше дека 21-годишниот Редондо може да тргне по стапките на својот татко и да добие шанса во Реал Мадрид, но тоа сепак не се случи. На крајот тој заврши во МЛС лигата и тоа во тимот на Интер Мајами.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот со Интер Мајами значи и дека ќе биде соиграч на Лионел Меси. Според најавите се е завршено и се чека само да се завршат одредени формалности за и официјално да биде претставен како нов играч на тимот на Бекам.
Досега Редондо го носеше дресот на Аргентинос Јуниорс. Треба да се спомене и дека неговиот татко исто така во младоста играше за овој тим од каде што се пресели во Тенерифа, а потоа беше дел од гигантите Реал Мадрид и Милан.