Дома Фудбал Франција Meси пред да замине му дал совет на Мбапе, на навивачите на ПСЖ нема да им се допадне

Meси пред да замине му дал совет на Мбапе, на навивачите на ПСЖ нема да им се допадне

Лионел Меси си замина од Пари Сен Жермен откако влезе во конфликт со навивачите, ПСЖ му нудеше да остане, но Аргентинецот сепак не помислуваше такво нешто по нарушениот однос.

Во последните неколку натпревари на „Паркот на Принцовите“ тие го навредуваа Меси, па тој чекаше да си замине. Додека беше во ПСЖ многумина сметаа дека има проблем помеѓу Меси и Мбапе, но изгледа дека не било така.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На неколку дена пред заминувањето, Меси разговарал со својот помлад колега и го советувал. „Л’Eкип“ објави дека Меси не криел пред Мбапе дека повеќе сака да го види во дресот на Барселона, но му потенцирал дека ако негов сон и желба е Реал Мадрид тогаш да го направи тоа.

„Повеќе би сакал да се преселиш во Барселона, но ако баш сакаш во Реал Мадрид, тогаш направи го тоа. Заслужуваш вистински рпоект, победнички проект“, му се обратил Меси на Мбапе, сметајќи дека во ПСЖ никогаш нема да може да ги оствати своите амбиции.

Францускиот напаѓач пред една година беше на чекор од трансфер во Мадрид, но тогаш во последен момент го смени мислењето и се одлучи да остане во ПСЖ. Сепак, неговиот договор истекува наредното лето, а веќе соопшти дека нема да го продолжи, па веројатно најмногу во Париз ќе го гледаме уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Реал ја прослави титулата, Анчелоти направи шоу🎥

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска со дефиле по улиците на Мадрид ја прославија шампионска…