Дома Фудбал Meси: Нејмар не забавуваше сите, Лаутаро е спектакуларен – сакам да дојдат и двајцата!

Meси: Нејмар не забавуваше сите, Лаутаро е спектакуларен – сакам да дојдат и двајцата!

Капитенот на Барселона Лионел Меси за „Мундо Депортиво“ јавно истакна дека би сакал на „Камп Ноу“ да ги види Нејмар и Лаутаро Мартинез.

Со Барселона во изминатите преодни рокови се поврзуваа разни имиња, а помеѓу тие имиња беа Нејмар и Лаутаро Мартинез. Бразилецот Нејмар во текот на минатото лето беше блиску до враќање во Барселона меѓутоа клубовите не се договорија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нејмар сака повторно да игра со нас. Тој е еден од најдобрите во светот, беше важен во соблекувалната бидејќи со него атмосферата беше одлична. Секогаш беше насмеан, не забавуваше сите. Луѓето поинаку гледаат на него поради начинот на кој замина. Ни мене не ми се допадна тој начин, се обидов да го убедам да остане…Важно е што тој сака да се врати и што се кае за заминувањето“, изјави Меси.

Меси има високо мислење и за Лаутаро со кого игра во репрезентацијата.

„Латуаро е спектакуларен. И Претходно можеше да се види дека е одличен играч, но сега експлодираше. Многу е силен, одличен е во ситуации еден на еден, лесно постигнува голови, се отвара, бара топка…Би сакал да дојдат двајцата и да се бориме за Лигата на шампионите“, порача во интервјуто Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер продаде на Аталанта играч кој го купи ова лето

Екипите на Интер и Аталанта постигнаа договор за трансферот на левиот бек Никола Залевски …