Дома Фудбал Репрезентации Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Meси за периодот во ПСЖ: Само јас не добив специјално признание

Летово, Лионел Меси ја напушти Европа и ја игра својата прва сезона во дресот на Интер Мајами, а на последното интервју зборуваше за периодот кога го носеше дресот на ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега во разговор со аргентинскиот комичар, Миге Гранадос, Меси откри дека само тој од аргентинските фудбалери во ПСЖ не добил признание за светската титула.

„Јас бев единствениот член на аргентинската репрезентација кој не доби специјално признание од својот клуб по освоената титула на СП во Катар. Немав најдобар период во ПСЖ, но станав светски шампион, па така секое лошо за добро.

Знам зошто фановите на ПСЖ ме исвиркуваа, бев дел од репрезентацијата која ги остави без мундијалски трофеј, тие по наша вина не станаа светски шампиони“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …