До крајот на денот се очекува да биде комплетиран трансферот на Антони во Манчестер Јунајтед кој ќе вреди околу 100 милиони евра.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера вечер Антони пристигна во Манчестер и веднаш ги поминал медицинските прегледи. Најавите се дека денес Јунајтед и официјално ќе го потврди трансферот.




За Антони „црвените ѓаволи“ ќе платат 100 милиони евра, а тој ќе потпише договор до 2027 година, во него ќе има опција за продолжување и на уште една.




Сагата со Антони трае веќе подолго време, фудбалерот правеше за Ајакс да му дозволи да замине, на крајот и не тренираше. Овие 100 милиони евра се рекордна продажба на еден клуб од холандското првенство.