Дома Фудбал Мбапе: Златната топка? Ќе го прашам Модриќ како да ја освојам.

Мбапе: Златната топка? Ќе го прашам Модриќ како да ја освојам.

Килијан Мбапе гостува со репрезентацијата на Франција во Сплит, во римејк на финалето на Светското првенство 2018 година.

Французите и Хрватите се среќаваат во четвртфиналето на Лигата на нациите, а од двете страни ќе бидат ѕвездите на Реал Мадрид, Килијан Мбапе и Лука Модриќ.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


На прес-конференција за медиумите во Сплит, Мбапе беше прашан за Златната топка, награда која сè уште не ја освоил, а тој одговори:

„Ќе го прашам Лука Модриќ како да ја освојам.“

Модриќ и Мбапе од оваа сезона се соиграчи во Реал каде што Хрватот веќе е постар член.

Да потсетиме, токму во 2018 година Модриќ беше најдобриот играч во светот, кога со Реал ја освои Лигата на шампионите, а својата репрезентација ја предводеше до финалето на Светското првенство.

„Играм со Модриќ во Реал Мадрид, легендарен играч. Задоволство е секој ден да си покрај него. Сè уште има иста желба за врвни натпревари. Огромна чест е да му бидам соиграч“, рече Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Фудбалскиот клуб Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата на Жил Кунде, а новата цел е …