Дома Фудбал Мбапе со остри зборови против Родри: Дали ви личи на играч за „Златна топка“?!

Мбапе со остри зборови против Родри: Дали ви личи на играч за „Златна топка“?!

Многу полемики имаше околу тоа кој ја заслужил „Златната топка“ минатата година, а на крајот таа чест му припадна на Родри. Сега и Килијан Мбапе се огласи на оваа тема.

Златната топка е најголемо индивидуално признание што еден фудбалер може да го добие во својата кариера.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Изборот за оваа награда минатата година падна на Родри од редовите на Манчестер Сити, што предизвика многу реакции и коментари.

Голем дел од фудбалските ентузијасти сметаа дека Шпанецот тоа не го заслужувал и дека оваа чест требаше да му припадне на Винициус Жуниор.

Сега на оваа тема проговори и соиграчот на Винициус Жуниор од Реал Мадрид – популарниот Килијан Мбапе.

„Што значи да бидеш играч што освојува Златна топка? Дали Родри личи на играч за Златна топка?“, жестоко започна Французинот.

„Мислев дека ќе оди кај Винисиус Жуниор, но отиде кај Родри. Ако ви кажав три месеци пред тоа дека ќе ја освои, ќе речевте дека сум луд“, додаде Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирците му фаќаат сеир на Собослаи: Им се потсмеваше имитирајќи го Роналдо, па на крајот тој плачеше!

Фудбалската репрезентација на Унгарија неочекувано остана без пласман на Светското првенст…