Дома Фудбал Репрезентации Maнчини: Немавме среќа денес, најголемо разочарување во кариерата

Maнчини: Немавме среќа денес, најголемо разочарување во кариерата

Maкедонија вечерва ја шокираше Италија во Палермо, а селекторот на Италијанците Роберто Манчини не го криеше разочарувањето по поразот.

„Не знам што да кажам, за сите нас ова е повеќе од разочарување, вечерва се случи нешто неверојатно. Заслуживме да победиме и да одиме на СП, но денес немавме среќа. Жал ми е за играчите кои се во шок. Освојвуањето на Еуро 2020 ми беше врв на кариерата, а денес го доживеав најголемото разочарување“, изјави Манчини.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По овој пораз во прашање се доведува и останувањето на Манчини на селекторската позиција, но италијанскиот стратег тоа одби да го коментира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…