Роберто Манчини денес изненадувачки поднесе оставка од клупата на Италија, а според информациите на италијанските медиуми веднаш добил супер богата понуда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот „Кориере дела Сера“ објави дека Манчини добил понуда да стане селектор на Саудиска Арабија, позиција која е испразнета со заминувањето на Ерве Ренар по Светското првенство.
Во овој момент не е познато дали оваа понуда е поврзана со изненадувачката одлука на Манчини да се повлече. Посебно е изненадувачки ако се знае дека пред само еден месец федерацијата ги прошири неговите ингеренциии како кординатор на младинските селекции.
Изминатиот месец Саудиска Арабија се поврзуваше со имиња како Алегри и Мурињо, но двајцата искусни стратези ги одбија понудите.