Островските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 70 милиони евра на Јувентус за ангажман на одличниот бразилски дефанзивец, Желсон Бремер.
Бремер минатата година стави потпис на нов договор со Јувентус кој има важност до 30-ти јуни 2028 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, скаутите на Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци го следат Бремер и неговите настапи во Јувентус.
Исто така се шпекулира дека Бремер може да биде еден од фудбалерите кои ќе си заминат од Јувентус со цел клубот да му овозможи поголеми финансии на новиот спортски директор Џунтоли.
Бремер во редовите на Јувентус пристигна во 2022 година од Торино и досега одигра 67 натпревари во дресот на „старата дама“.