Македонските кошаркарки до 18 години денес забележаа победа која ќе остане запишана во историјата на македонскиот, не поради важноста на натпреварот, туку поради огромната разлика.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Младите кошаркарки денес на Европското првенство од Б дивзијата кое се одржува во Ирска славеа против репрезентацијата на Молдавија со неверојатни 77 поени разлика, конечниот резултат на средбата гласеше 124:47.
Со оваа победа македонските претставнички го избегнаа последното место во својата група.
Во продолжение можете да го проследите целиот натпревар на младите кошаркарки.