Дома Фудбал „Марка“ за Зомер: Дајте му ја „Златната топка“! (Видео)

„Марка“ за Зомер: Дајте му ја „Златната топка“! (Видео)

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако во спектакуларниот реванш од полуфиналето на свој терен го совлада Барселона со 4:3 по продолженија, и така со вкупни 7:6 се пласира во мечот за титулата на Европа. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ – Арсенал, кои денес играат реванш во Париз откако ПСЖ во првиот натпревар во Лондон победи со 1:0.

Јан Зомер (36) на реваншот прими три гола, но е херој на Интер за пласманот во финалето. Три пати со феноменални реакции го спаси Интер и му овозможи голем успех. Во 57. минута, при водство на Интер од 2:1, Ерик Гарсија пред домашниот гол добро шутираше со нога. Голот за Барселона се чинеше сигурен бидејќи празниот простор пред голот беше отворен, но тогаш од другата статива пристигна Зомер и со чудесна интервенција спречи гол.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во 77. минута Барселона го сврте резултатот од 2:0 за Интер во водство на гостите од 2:3. Ламин Јамал тогаш одлично шутираше од сврување од околу 20 метри и повторно се чинеше дека Барса сигурно ќе погоди, и тоа овој пат за потврда на победата и пласманот. Но Зомер лебдеше на воздухот и со одлична одбрана го сопре и овој шут кој тргнуваше под пречката.

Третата феноменална одбрана на голманот на Интер беше во 114. минута. Тогаш Интер ја сврте на 4:3, но во второто продолжение Зомер спаси Барса да не избоксира пенали. И овој пат одлично реагираше по ударот на Јамал.

Зомер против Барселона имаше седум одбрани, од кои пет шута од казнениот простор. Седум пати ја отстрани опасноста, а беше добар и на високите топки.

ГГолеми пофалби доби Швајцарецот и од „Марка“. Во коментарот на натпреварот нејзиниот поднаслов е „Зомер, Златна топка“ и додава: „Трите чудесни одбрани на Зомер веќе влегоа во историјата на Лигата на шампионите. Тој го одведе Интер во финалето и стана кошмар за Барселона. Дали конечно голманот ќе биде признат со Златната топка?“

Во посебниот текст за одбраните на Зомер истиот извор додава: „Лигата на шампионите веќе е освоена. Припаѓа на Јан Зомер. Лебдечки го спаси шутот на Ерик Гарсија, а потоа извонредната партија ја круниса со одбраните по ударите на Јамал. Ламин беше ноќна мора за одбраната на Интер, но Зомер ги остана несовладлив..“

Фото: Inter/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ уште еднаш подобар од Арсенал за финале

Пари Сен Жермен и Интер ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Мин…