Дома Фудбал „Марка“: Саудијците во Прага дадоа понуда, агентите на Винисиус велат дека не може да се одбие

„Марка“: Саудијците во Прага дадоа понуда, агентите на Винисиус велат дека не може да се одбие

Винисиус, крилен напаѓач на Реал и репрезентативец на Бразил, сериозно ја разгледува понудата од Саудиска Арабија, ексклузивно објавуваат „Марка“ и „Радио Марка“ и додаваат:

„Винииус се сретна лично со Саудијците и размислува за понудата која луѓето од неговата доверба ја нарекуваат понуда која не може да се одбие затоа што се работи за милијарда евра“, наведуваат споменатите извори.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Виницијус од првиот ден е вклучен во преговорите со Саудијците, кои започнаа во 2023 година и оттогаш постојано траат.

„Дознавме дека на првата средба, одржана преку видео-конференција, бил и самиот Винисиус. Лично се слушнал со Саудијците и во неформален разговор го слушнал проектот кој му го предлагаат. Играчот на Реал изрази интерес за она што му го понудиле, не само од економска, туку и од спортска и лична страна. На таа средба се сретнале сите важни луѓе од околината на Винисиус и најрелевантни фигури од саудискиот кралски дом. Тие го уверуваат Бразилецот дека неговата иднина кај нив не е само заради милионите туку и поради улогата амбасадор на СП што ќе се одржи во Арабија во 2034 година“, пишуваат медиумите.

„Марка“ истакнува дека Саудијците ги презентирале финансиските детали на луѓето на Виницијус на втората средба: „Таа беше сериозна, формална и на безбедна локација, во Прага. Далеку од медиумското внимание во Мадрид и Шпанија, агентите на играчот се сретнале со Саад ал-Лазез, потпретседател на Саудиската Про Лигата. Тој на маса стави неверојатни суми. За Винисиус понудиле милијарда евра за пет години или 200 милиони евра по сезона. Не се знае во кој клуб би играл Бразилецот, но тоа сега е втор план“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скаут на Барселона: Јамал ќе биде посилен од Меси

Барселона минатото лето ја прошири својата скаутска служба со додавање нов член. Тој е Анд…