Дома Фудбал Марчињак стави крај на „Случајот Алварез“: Јас го повикав ВАР!

Марчињак стави крај на „Случајот Алварез“: Јас го повикав ВАР!

Лицето кое „пријави“ дека Хулиан Алварез, минимално, но два пати ја допре топката при сега веќе познатото изведување пенал во серијата помеѓу Атлетико и Реал Мадрид е… лично Шимон Марчињак.

Дали заради вистината или за смирување на тензиите, Полјакот кој важи за најдобар фудбалски судија на светот во последните неколку години, се огласи преку платформата на УЕФА „Win Win“ и се обиде да „стави точка на и“ на деталот кој го реши прашањето за победникот од осминафиналниот двомеч на Лигата на шампионите.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Тврди дека, иако правилата за примена на ВАР системот во УЕФА натпреварувањата велат спротивно, тој бил тој кој ги контактирал колегите од контролна соба и сугерирал дека Аргентинецот ненамерно ја допрел топката со левата нога пред да ја успее во мрежата на градскиот ривал со десната.

„Дали беше Мбапе тој кој сугерираше на судиите дека Алварез два пати ја допрел топката? Апсолутно не е точно. Јас бев тој кој ги извести ВАР судиите дека постои 99 проценти шанси дека Алварез имал двојно допирање со топката при ударот и тие потоа го прегледаа снимката“, рече Марчињак.

„Да бидам искрен, никогаш во кариерата не бев во слична ситуација, но играчите ги знаат правилата“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…