Манчестер Јунајтед синоќа загуби од Нотингем Форест и така повторно ги разочара своите навивачи, а вниманието го привлече моментот кој се случи во 7. минута од натпреварот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во рамките на 30. коло на англиската Премиер лига, Нотингем Форест го победи Манчестер Јунајтед со резултат 1:0.
Единствениот и одлучувачки гол на овој натпревар „падна“ во петтата минута, а го постигна Ентони Еланга – поранешен играч на „Црвените ѓаволи“.
По голот на Еланга, навивачите на Нотингем Форест решија да ги испровоцираат гостинските навивачи од Манчестер.
Од трибините им порачаа: „Ве напушти бидејќи сте катастрофа, Еланга ве напушти бидејќи сте катастрофа!“