Дома Фудбал Манчестер Јунајтед подготвува спектакуларен трансфер

Манчестер Јунајтед подготвува спектакуларен трансфер

Манчестер Јунајтед игра една од најлошите сезони во својата историја, и на лето ќе мора да се сврти кон трансфер пазарот.

Манчестер Јунајтед оваа сезона е само сенка од клубот што некогаш беше, особено во времето кога сер Алекс Фергусон беше на клупата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лошиот период во овој клуб трае веќе некое време, а оваа сезона дополнително ги загрижи сите навивачи на англискиот гигант.

Во англиската Премиер лига се наоѓаат на очајното 14-то место со само 39 освоени бодови во 34 одиграни натпревари.

Едно е јасно, многу работи треба да се променат во овој клуб, а еден од најголемите проблеми е секако играчкиот кадар.

Почетокот на летниот трансфер период се ближи, а Манчестер Јунајтед ќе мора да биде прилично активен на трансфер пазарот.

Рубен Аморим доби “минување” за лошите резултати оваа сезона, но веќе од следната ќе се гледа под лупа секој негов лош резултат.

Затоа португалскиот стручњак ќе мора што е можно побрзо да се фокусира на нови засилувања, а веќе е познато кој е една од првите желби.

Станува збор за “чудо од дете” кого го бара половина Европа, тоа е 19-годишникот од Пари Сен Жермен – Дезајр Диеу.

Диеу е еден од најталентираните играчи на денешницата и еден од оние на кои им се предвидува блескава кариера.

Според англиските медиуми, скаутите на Манчестер Јунајтед веќе го гледале Французинот на натпреварите на ПСЖ против Нант и Ница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moжеше да бира за која репрезентација да игра, ја избра Италија и – многу погреши!

Во животот не секогаш се оди според план, а оваа вистина најдобро ја почувствува на своја …