Дома Фудбал Манчестер јунајтед во јануари ќе потроши 75 милиони евра за напаѓач

Манчестер јунајтед во јануари ќе потроши 75 милиони евра за напаѓач

Манчестер Јунајтед повторно е во криза со резултатите, а сега повторно се шпекулира за неверојатно скап трансфер кој клубот би можел да го направи веќе во зимскиот трансфер период.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ни по заминувањето на Ерик тен Хаг, на „Олд Трафорд“ не цветаат рози и овој тим се наоѓа во незавидна форма.

Во последниот натпревар во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед на свој терен загуби од Борнмут со 0-3, што беше уште еден голем удар за навивачите на овој клуб.

Тимот се наоѓа на 13. место во Премиер лигата со 22 освоени поени, што дефинитивно е понижувачко за „Црвените ѓаволи“.

Како што се навикнавме во изминатите години, кога не оди, а често не оди, сопствениците ја отвораат касата и реализираат скап трансфер.

Манчестер јунајтед сака да го засили нападот во јануари со нигериската гол машина, Виктор Осимен.

Тој летово неочекувано замина на позајмица од Наполи во Галатасарај, а веќе после половина година може повторно во петте најголеми лиги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…