Дома Останати Ракомет Македонските ракометарки во третиот шешир за ждрепката за ЕП

Македонските ракометарки во третиот шешир за ждрепката за ЕП

Женската ракометна репрезентација ќе биде сместена во третиот шешир за претстојната ждрепка за квалификациските групи за Европското првенство (ЕП), кое следната година ќе се одржи во пет различни земји.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ждрепката ќе се одржи на 20 март во Клуж, Романија, при што ќе бидат одредени групите за квалификациите, во кои 24 селекции ќе се борат за преостанатите 16 места на завршниот турнир.

Финалниот турнир ќе се игра од 3 до 20 декември 2026 година во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Овие пет држави, заедно со трите најдобро пласирани селекции од ЕП 2024 – Норвешка (шампион), Данска (второпласирана) и Унгарија (третопласирана) – веќе обезбедија директен пласман и нема да учествуваат во квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…