На состанокот на ФИБА Европа одржан синоќа во Истанбул, беше потврдена кандидатурата на Кошаркарската Федерација на Македонија за организација на младинското Европско првенство во 2025 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кошаркарската Федерација доби доверба од ФИБА за организација на кадетското првенство, дивизија Б, во машка конкуренција, кое е предвидено да се одржи од 7 до 16 август следната година во Скопје.
Освен машката кадетска репрезентација, КФСМ ги пријави и женската кадетска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години и машката репрезентација до 20 години за учество.