
Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Данска во Копенхаген во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство (СП).
Новиот селектор на Македонија, Гоце Седлоски внесе и нова енергија во таборот на репрезентацијата, која доаѓа на „Паркен“ со неколку дебитанти, меѓу кои се Дени Мусовски, Себастијан Херера и Имран Фетаи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Данска во оваа средба ќе биде без првите два голмани, па селекторот Брајан Ример мораше да повика други чувари на мрежата.
Македонија и Данска досега одиграа три натпревари, при што двете селекции имаат по една победа и едно реми.
Натпреварот се игра на „Паркен“ во 20.45 часот, а на стадионот се очекува поддршка од „Фалангата“.