И во вториот натпревар од финалето на источната конференција во НБА лигата Мајами Хит славеше против Бостон (106:101) и сега има 2:0.
Мајами во првиот натпревар тесно славеше откако Адебајо „ја спушти ролетната“ за Тејтум, вториот натпревар беше прилично изедначен за на крајот да заврши исто така во корист на Мајами.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бостон водеше со 31:28 после првата четвртина за Селтикси да имаат дури 17 поени предност во втората четвртина, а на полувремето беа на плус 13 (60:47). Предноста почна да се топи во третата четвртина за Мајами да продолжи во вистински ритам и до крајот да стигне до пресврт и добра предност (84:77).
Имаше резултатски пресврти и во четвртата четвртина, но Мајами подобро се снајде во самата завршница и дојде до победа со која поведе 2:0 во финалната серија на истокот.
Горан Драгиќ уфрли 25 поени за Мајами, Бем Адебајо 21 и 10 скокови, додека Данкан Робинсон додаде 18, а Џими Батлер 14 поени. Кемба Вокер беше најдобар кај Селтикси со 23 поени и седум скокови, а Џејсон Тејтум уфрли 21, а Маркус Смарт 14 поени.