Џими Батлер повторно е суспендиран, а овој американски кошаркар и повеќекратен Ол-стар играч веќе пропушти девет натпревари поради своето однесување.
Се чека неговиот трејд и додека периодот за трансфери се ближи кон крај, Мајами одлучи да ја намали цената.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Досега единствен заинтересиран тим беше Феникс, но шансите сега драстично се зголемија и за останатите клубови.
Батлер оваа сезона има 17 поени по натпревар, 5.2 скока и 4.8 асистенции.
Последниот ден за трејдовите во НБА лигата е четврток, 6 февруари до 9 вечер по средноевропско време.