Дома Фудбал Останато Maнчини нема долго да остане без работа – добил мултимилионска понуда!

Maнчини нема долго да остане без работа – добил мултимилионска понуда!

Роберто Манчини денес изненадувачки поднесе оставка од клупата на Италија, а според информациите на италијанските медиуми веднаш добил супер богата понуда.

Италијанскиот „Кориере дела Сера“ објави дека Манчини добил понуда да стане селектор на Саудиска Арабија, позиција која е испразнета со заминувањето на Ерве Ренар по Светското првенство.

Во овој момент не е познато дали оваа понуда е поврзана со изненадувачката одлука на Манчини да се повлече. Посебно е изненадувачки ако се знае дека пред само еден месец федерацијата ги прошири неговите ингеренциии како кординатор на младинските селекции.

Изминатиот месец Саудиска Арабија се поврзуваше со имиња како Алегри и Мурињо, но двајцата искусни стратези ги одбија понудите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сент Луис Сити го уништи ЛА Галакси со 6-2, Холсе со хет-трик

Карло Холсе постигна хет-трик за Сент Луис Сити во победата од 6-2 против ЛА Галакси, изед…