Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед купи напаѓач од Аталанта

Maнчестер Јунајтед купи напаѓач од Аталанта

Манчестер Јунајтед го договори доаѓањето на младиот напаѓач на Аталанта, Амада Диало.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што потврди познатиот новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо, Јунајтед со тимот од Бергамо го договорил трансферот на 18 годишниот крилен напаѓач.

Диало долго чекаше да добие пасош кој го кочеше трансферот кој беше договорен уште на крајот од летниот преоден рок. Проблемите сега се решени и фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска во јануари ќе стане играч на Јунајтед.

Аталанта направи одлична зделка. За 18 годишниот добија 25 милиони евра, а дополнителни 15 милиони би можеле да заработат преку бонуси. Сезонава тој собра два настапи за првиот тим на Аталанта, одигра вкупно 35 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…