Дома Македонски спорт Мак ракомет Maкедонските голмани: Сите сме шокирани, прекрасно е чувството – против Франција ќе се пишува историја!

Maкедонските голмани: Сите сме шокирани, прекрасно е чувството – против Франција ќе се пишува историја!

Maкедонските ракометари денес го одржаа првиот тренинг на фудбалскиот стадион „Меркур Шпиле арената“ во Дизелдорф кој сега е адаптиран за ракометен натпревар.

Фудбалската арена на која има поставено и дополнителни седишта ќе прими 55.000 навивачи на историскиот спектакл.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Задоволството што ќе бидат дел од ваков спектакл не го криеа и македонските голмани Маррко Кизиќ и Мартин Томовски.

„Сите сме навистина шокирани, ова ќе биде историски натпревар. Атмосферата е преубава и на празна сала, а сигурно дека ќе биде прекрасно и кога ќе биде исполнета. Со нетрпение го очекуваме натпреварот. Втор ден сме во Германија, и навистина сме повеќе од мотивирани за тоа што не очекува утре“, изјави Кизиќ.

Воодушевен е и Томовски.

„Прекрасно чувство, навистина сме изненадени. Чест и задоволство ќе ни биде да играме на овој стадион. На натпреварот против Франција ќе се пишува историја, а на нас ни останува да уживаме и достојно да ја претставиме Македонија“, дополни Томовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…