Дома Македонски спорт Maкедонија не разочара, Украина победи во Прага 🎥

Maкедонија не разочара, Украина победи во Прага 🎥

Maкедонската фудбалска репрезентација иако одлично парираше, сепак беше поразена во Прага од Украина со 2:0.

Украина од почетокот на натпреварот повеќе напаѓаше и создаваше прилики пред нашиот гол, најактивен беше Михајло Мудрик. По 15 минути игра Мудрик влезе во чиста позиија „еден на еден“ со Димитриевски кој одлично интервенираше и го спаси својот гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Притискаше Украина и создаде уште две-три прилики, а до водство стигна по наша грешка во одбраната. погрешија Манев и Атанасов, а потоа по шутот на Судаков топката го погоди Серафимов и заврши зад грбот на Димитриевски.

По тој гол во 30. минута нашата селекција како да се разбуди. Миовски пропушти две добри прилики, свои шанси имаа и Барди и Елмас…Токму овој финиш од првиот дел беше нашиот најдобар период, но за жал не успеавме да го крунисаме со гол.

Како што заврши првиот дел, така продолжи и вториот, динамично. Македонија имаше иницијатива и повеќе напаѓаше, додека Украина преку контри ја чекаше својата шанса, а на двапати Украинците ја погодуваа и пречката од нашиот гол. Трубин на голот на Украина запиша неколку одлични интервенции и не дозволи македонските репрезентативци да се израдуваат на гол. Најголемата шанса ја пропушти Дарко Чурлинов.

Столе Димитриевски иако двапати беше совладан, сепак и тој имаше неколку супер тешки одбрани, па може да се каже дека покрај стрелецот Судаков, двата голмани го одбележаа дуелот. Конечните 2:0 ги постави Каравев во завршницата од натпреварот.

Македонија со овој пораз остана седум бода колку што има и Италија, но со два натпревари помалку. Украина е второпласирана со десет, а Англија е лидерот во групата со 13 бода. До крајот на квалификациите, Македонија ќе игра дома против Англија и на гости против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шамп…