Дома Македонски спорт Мак баскет Maкедонија и официјално ќе игра олимписки претквалификации

Maкедонија и официјално ќе игра олимписки претквалификации

Вкупно 28. селекции кои играа во второто коло од квалификациите за Светскиот Куп, но не се квалификуваа за настап на собирот на најдобрите кошаркарски селекции во светот, и дополнителните 12 селекции меѓу највисоко рангираните тимови од тимовите кои не се квалификуваа за второто коло на квалификациите за Мундобаскетот ќе се натпреваруваат на Олимписките претквалификациски турнири на ФИБА.

Меѓу нив е и националниот тим на Македонија…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во таа група се репрезентациите на Мали (Африка), Чиле, Куба и Девствените Острови (Америка), Кинески Тајпеј, Индонезија, Кореја и Сирија (Азија) за оној „остаток од светот“.

Во оној од Европа, право на настап на овие претквалификации изборија победниците од секоја група на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 (Македонија, Полска, Португалија) и најдоброто европско рангирана селекција што не се квалификуваше за Светскиот Куп 2023 година, која ќе биде позната со конечната одлука која треба да биде донесена на Централниот одбор на ФИБА кој ќе се одржи на 28 април.

Тие турнири ќе се одржат во периодот од 12 до 20 август 2023 година. Пет екипи од тие претквалификациски олимписки турнири на ФИБА ќе се квалификуваат за Олимписките квалификациски турнири кои ќе бидат реализирани во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…