Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди финале на турнирот во Грција откако го победи Италијанецот Андреа Гутиере со 2:0 во сетови.
Ивановски имаше мали проблеми само првиот сет кој го доби со 7:6, додека во вториот лесно се справи и со 6:3 обезбеди триумф за финале. На турнирот во Ираклион Ивановски е трет носител, а денес првиот сет го доби во тај брејк, а во вториот направи брејк и го потврди местот ово финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во борбата за титулата Ивановски ќе игра утре против подобриот од мечот помеѓу Себастијан Гима и Павел Неједели. Наградниот фонд на овој фјучерс турнир изнесува 15.000 долари.