Дома Македонски спорт Мак баскет Maгдевски по пласманот во квалификациите: Се надевам дека ова е почеток на нешто убаво

Maгдевски по пласманот во квалификациите: Се надевам дека ова е почеток на нешто убаво

Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Нашите најдобри кошаркари успешно ја поминаа и втората рунда од претквалификациите. За тоа им беа потребни пет победи во шест одиграни натпревари од „Д“ групата, па од ноември ќе бидат меѓу оние 32 селекции кои ќе се борат за 24 места на Евробаскетот.    


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Андреј Магдевски се надева дека сето ова е само еден добар почеток за нашиот национален тим:

„Се надевам дека ова е само почеток и дека ни следат повеќе успеси во иднина. На сите им посакувам успешен втор дел од сезоната“ – вели искусниот плејмејкер.

Од скоро новиот играч на холандскиот Донар од Гронинген се враќа малку и на мечот на одлука, оној во Осло:

„Можам да кажам дека бевме најдобри на најважниот натпревар во овој циклус. Во Осло покажавме каратер и заслужено победивме. Имавме повеќе енергија од противникот, не дозволивме нивниот главен креатор да ја разигра екипата и со една тимска игра во нападот стигнавме до посакуваните квалификации“- дополнува Магдевски.

По играњето во оние светски квалификации, оваа генерација успеа да обезбеди (повторно) место во оние за пласман на европскиот шампионат.

„Нема да застанеме овде. Она што е најважно е сите да останеме здрави, и на лето, во најдобар состав, да продолжиме да победуваме. Извесно е дека прво нè чекаат претквалфикации за Олимпијадата во Париз, што дефинитивно ќе биде ново искуство за сите нас во тимот, а потоа доаѓаат и европските квалификации. Имаме добри шанси за уште еднаш да играме на еден Евробаскет. Ни останува подготвени да го дочекаме следните предизвици“- порачува организаторот на играта во нашиот национален тим по обезбедениот пласман во евро-квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …