Дома Трансфер зона Maнчестер Јунајтед: Смолинг и Санчез во Италија остануваат до крајот на Серија А

Maнчестер Јунајтед: Смолинг и Санчез во Италија остануваат до крајот на Серија А

Maнчестер Јунајтед денес потврди дека играчите кои се под договор со нив Крис Смолинг и Алексис Санчез ќе останат во Италија уште некое време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ќе потсетиме позајмиците на двата фудбалери во Интер и Рома истекуваат утре, но поради специфилната ситуацијата предизвикана од Ковид-19 сезоната во Италија ќе се игра уште нешто повеќе од еден месец, па двајцата на кратко ги продолжија договорите.

Ова значи дека ќе останат во Италија уште некое време. Јунајтед објави дека тоа ќе бие само до крајот на Серија А. Значи, Рома и Интер нема да можат да сметаат на нив за натпреварите во Лига Европа ако работите во меѓувреме не се променат.

„Смолинг ќе остане „Олимпико“ до крајот на Серија А, а тоа треба да биде најдоцна до почетокот на август. Договорот на Алексис исто така е на кратко продолжен поради пандемијата со Ковид-19“, објавија од Манчестер Јунајтед.

Кога е Смолинг во прашање се очекува Рома да го откупи во целост неговиот договор, додека иднината на Санчез е непозната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…