Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола долги години се ривали на клупата. Некогаш беа во Шпанија, денес во Англија.
Мурињо и Гвардиола повторно ќе се сретнат денес во дуелот на Манчестер Сити и Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Нивниот однос во последните години е подигнат на ниво погоре, а Жозе не го заборава гестот на Гвардиола од 2017 година.
„Јас припаѓам на генерација тренери кои мислат дека она што се случува во текот на натпреварот таму и останува. Имам само добри спомени и чувства кон Пеп. Постојат моменти кои не се забораваат. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест од 2017 година кога почина мојот татко. Пеп знаеше колку ми беше важен и ме побара. Кога почина неговата мајка јас го побарав“, раскажа Мурињо.
Инаку, Мурињо и Гвардиола соработуваа неколку години во Барселона кога Португалецот беше асистент на Боби Робсон и Луис Ван Гал, додека Шпанецот го носеше дресот на каталонскиот гигант.