Дома Фудбал Италија Mладата ѕвезда на Рома ја заврши сезоната, под знак прашалник и ЕП 2020!

Mладата ѕвезда на Рома ја заврши сезоната, под знак прашалник и ЕП 2020!

Младиот играч на Рома, Николо Заниоло заработи тешка повреда во натпреварот против Јувентус.

Освен поразот од 2:1 во Рома не се среќни и порадио Заниоло за кого сезоната изгледа е завржена.

Еден од клучните играчи на Рома веќе денес ќе биде опериран, а Рома објави дека настрадале преднит лигаменти на десното колено со одредено оштетување на менискусот.

20 годишниот репрезентативец на Италија оваа сезона одигра 18 натпревари во Серија А, постигна четири гола и запиша една асистенција.

Првите прогнози се дека Заниоло ќе паузира помеѓу 6 и 8 осум месеци, па се доведува и под голем знак прашалник неговиот настап за Италија на Европското првенство ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…