Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери за последните два натпревари во квалификациите против Ерменија и Исланд.
Изненадувњето е Валон Етеми кој е за првпат повикан во репрезентацијата, Милевски на прес-конференцијата ја образложи својата одлука.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Валон е селектиран уште во генерацијата 96/97, беше дел од еден тест натпревар. Во последниот период игра во одлична форма, посебно на почеткот на оваа сезон. Има минутажа и ако продолжи така сигурно дека има потенцијал да ја зголеми конкуренцијата на крилната позиција. На него останува да видиме дали ќе се наметне“.
Тимот на Етеми, Инстанбулспор се натпреварува во втората турска лига.
„Турската втора лига е силна лига, мислам дека не треба да се гледа со потценување. Моја обврска е да ги следам првенствата каде што настапуваат нашите потенцијални репрезентативци, па така можам да потврдам дека во ова првенство има и тоа како добри играчи и силни тимови“.