Изгледа ситуацијата помеѓу Милан и Донарума навистина не оди во насока кон тоа младиот голман да остане на „Сан Сиро“.
Долго време се водат преговорите помеѓу Милан и агентот на Донарума, Мино Раиола, а сега италијанските медиуми пишуваат дека се прекинати. „Росонерите“ три пати биле одбиени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради ваквата ситуација двете страни ги прекинале преговорите. Во Милан се надеваат дека младиот голман и неговите претставници можат да го сменат мислењето. Сепак, според пишувањето на Џанлука ДИ Марцио, но и „Кориере дела Сара“ во игра сериозно е вклучен Јувентус кој е спремен да ги искористи неуспешните преговори.
Договорот на Донарума според кој заработува шест милиони евра истекува на 30. јуни оваа година, а Раиола од управата на Милан бара платата на Донарума двојно да се зголеми. Во меѓувреме „росонерите“ три пати се обидуваа да ги намалат барањата, но немаа успех.
И како што се пишува последната понуда е далеку од она што го бараат Раиола и Донарума. Милан понудил двегодишен договор со плата од седум милиони евра, плус бонуси и откупна клазула помеѓу 30 и 35 милиони евра која би можела да се активира ако тимот не игра во Лигата на шампионите. Одговорот од другата страна гласел 12 милиони евра и пониска клазула.
Во Милан ќе го почекаат крајот на сезоната во надеж дека ќе добијат позитивни сигнали од другата страна, но во меѓувреме и активно се во потрага по некој кој би го заменил младиот голман. Како прв фаворит засега се споменува голманот на Лил, Мајк Мањан.