Дома Фудбал Mбапе: ПСЖ не е мој проект, клубот постоел и ќе постои и после мене

Mбапе: ПСЖ не е мој проект, клубот постоел и ќе постои и после мене

Французинот Килијан Мбапе беше блиску да го напушти ПСЖ како слободен агент меѓутоа во последен момент се одлучи да го продолжи договорот и да стави потпис на соработка со „светците“ до 2025 година.

Потписот на Мбапе дојде како изненадување затоа што многумина веќе го видоа во дресот на „кралевите“. Сега Мбапе зборуваше за медиумите и го стави клубот на прво место истакнувајќи дека тој е само еден дел од сложувалката.

„ПСЖ за мене е многу важен. Претходно можеби не го покажував тоа на вистински начин. Сакам да се претставам со добри настапи, клубот ми значи навистина многу и тоа сите добро го знаат.

Јас сум дел кој влегува во овој проект, не бев основата. Клубот е на прво место, ПСЖ не е мој проект, постоел и ќе постои после мене“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио чекаше 16 години за ова: Гатузо на врвот, навивачите во бојкот!

Девет победи, едно реми и прво место во Серија А: Лацио го повтори достигнувањето на тимот…