Дома Фудбал Останато Mанчестер Јунајтед има пет кандидати за наследник на Рагник

Mанчестер Јунајтед има пет кандидати за наследник на Рагник

Манчестер јунајтед ќе се раздели со Ралф Рангник на лето, кој беше привремено решение за премиерлигашот, а за жешкото столче во тимот се споменуваат неколку тренерски имиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дејли Мејл“ објави дека на списокот со желби на „ѓаволите“ се наоѓаат пет тренери, меѓу кои се двајца Шпанци, еден Германец, Аргентинец и Холанѓанец, а листата ја предводи Томас Тухел од Челси.

Тухел кажа дека ќе остане до крајот на сезоната, но потоа би можел да замине бидеќи газдата Роман Абрамович го продава клубот по големиот број санкции.

Зад Тухел на листата со желби се наоѓаат Хулен Лопетеги од Севиља, Луис Енрике од Шпанија, а потоа следи Маурисио Покетино кој најверојатно ќе добие отказ од ПСЖ, додека последен на списокот е Ерик Тен Хаг од Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…