Дома Фудбал Лука Модриќ е причина за “распад на системот” во Реал, хрватската икона го предлага решението: “Тој е тој”

Лука Модриќ е причина за “распад на системот” во Реал, хрватската икона го предлага решението: “Тој е тој”

Цели 13 години Лука Модриќ го носеше дресот на Реал Мадрид. Тој е најтрофејниот играч во историјата на кралскиот клуб, а неговото заминување од клубот остави тешки последици во соблекувалната.

Модриќ беше гласот на разумот во тимот заедно со Дани Карвахал и Лукас Васкез. Неговото заминување ги наруши многу работи:

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Тој беше лидерот на соблекувалната,” пишува El Mundo и наведува дека во Мадрид се каат што го пуштија легендарниот играч од средниот ред.

“Некои луѓе во клубот се свесни дека присуството на Лука Модриќ на и надвор од теренот во моментот би било неопходно за соблекувалната.”

И самиот Лука призна дека сакаше да остане во Реал. Веруваше дека има уште многу што да покаже.

За жал за Реал, Лука на 40 години блеска во AЦ Милан, но понуди решение за проблемите во средниот ред на Кралевите. Тој се вика Витинија.

Лука исклучително го цени португалскиот среден играч. Убеден е дека тој би бил вистинско засилување за тимот на Шаби Алонсо, а од Мадрид велат.

“Никој во клубот не го крие проблемот во креација на играта. Тимот е врвен, по имиња најдобар на светот, но недостасува тој дел што ги поврзува сите и кој оркестрира играта. Малку се такви играчи, а еден од нив е ѕвездата на ПСЖ, Витинија.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе изгуби долгорочен спонзор по две децении

Изгледа дека долготрајното партнерство меѓу Килијан Мбапе и „Најк“ приоѓа кон својот крај,…