Дома Фудбал Луис Енрике го понижи Мбапе со изјавата по пласманот во финалето

Луис Енрике го понижи Мбапе со изјавата по пласманот во финалето

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа преку Арсенал обезбедија пласман во финалето на Лигата на шампионите и до својата прва титула ќе се обидат да стигнат на 31 мај во Минхен, кога на програмата е мечот против Интер.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа преку Арсенал обезбедија пласман во финалето на Лигата на шампионите и до својата прва титула ќе се обидат да стигнат на 31 мај во Минхен, кога на програмата е мечот против Интер.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


По влегувањето во големото финале, пофалби од сите страни добива тренерот на Паризаните Луис Енрике чие што многу интересно изјавуване за “селска лига” веќе го пренесовме.

Шпанскиот стручњак е на чекор од трофејот во Лигата на шампионите дојде во првата сезона без Килијан Ембапе. Тој минатото лето го напушти ПСЖ и замина во Реал Мадрид, а во дресот на францускиот првак за седум години на 308 натпревари постигна 256 и намести 107 голови.

Иако остана без најдобриот играч и најдобриот стрелец на клубот во историјата, Луис Енрике импресивно стигна до финалето.

Сега се сети на она што го рече кога симболот на ПСЖ замина во Реал:

Бев многу храбар минатата сезона кога реков дека без Ембапе ќе имаме подобар тим. Сѐ уште го мислам тоа, а тоа го потврдува и статистиката”, рече Енрике и додаде:

“Штета е што Ембапе си замина, но играчите тоа го сфатија како предизвик. Би сакал да останел Ембапе, но останатите играчи одлично одговориле на спомнатиот предизвик. Јас секогаш би сакал да имам четири играчи кои постигнуваат десетина голови, отколку еден кој постигнува 40”, заврши Шпанецот.

Фото: PSG/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англиска битка за пласман во ЛШ: Манчестер и Тотенхем се во финале!

Боде Глимт ја заврши бајката, Атлетик Билбао имаше сила само да му се закани и да поведе н…