Дома Фудбал Ливерпул веќе прави планови: Слот избрал двајца фудбалери со кои ќе ја спасува сезоната!

Ливерпул веќе прави планови: Слот избрал двајца фудбалери со кои ќе ја спасува сезоната!

Најдобриот трансфер инсајдер во светот, Фабрицио Романо, потврди дека во Ливерпул веќе започнале со изработка на планови за зимскиот трансфер период.

Иако се очекуваше доминација, се случи спротивното, односно пад на резултатите и осум порази во последните 11 натпревари.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Од тие порази, шест се во Премиер лигата, што е веќе два повеќе од целата претходна сезона.

Екипата која ја води Арне Слот од клупата, сега заостанува 11 поени во трката за титулата и изгледа дека имаат мали шанси да ја одбранат.

Во Ливерпул се свесни дека мораат да преземат акција во јануари за да пробаат да ја спасат сезоната.

“Мислам дека Ливерпул ќе ангажира некого оваа зима. Во летото беа задоволни од трансфер периодот и вложија доста средства.

Беа возбудени пред почетокот, но она што се случува сега не е добро. Веќе поминаа повеќе од три месеци од сезоната.

Ливерпул игра слабо и јасно е дека разгледуваат кои чекори можат да ги преземат во јануари и трансфер периодот.

Ќе видиме во наредните недели. Може да поминат неколку недели додека да решат што точно сакаат да засилат.

Според информациите, две главни цели овој јануари се фудбалерот на Борнмут Семеньо и стоперот на Кристал Палас Гуехи.

Она што е интересно е што навивачите сѐ повеќе сакаат да го видат Наглесман како нов тренер на Ливерпул наместо Слот.

Сепак, Слот наводно има целосна поддршка од раководството на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе збеснал, жестоко го навредил судијата на француски: Откриено што му кажал

Реал спасуваше бод против Елче во 12. коло од Ла Лига завршувајќи 2:2 во возбудлив дуел. Е…