Дома Фудбал Ливерпул победи во Милано, Челзи падна во Бергамо

Ливерпул победи во Милано, Челзи падна во Бергамо

Ливерпул го победи Интер со резултат 0:1 на “Сан Сиро” во најинтересниот натпревар од шестото коло на главната фаза на Лигата на шампионите.

Доминик Собослај погоди од пенал во 88-мата минута. По четири последователни победи, „неразурите“ ја претрпеа првата загуба на натпреварувањето во претходното коло кога загубија од Атлетико Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барселона победи со 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт и веќе е на горната половина од табелата во Лигата на шампионите. Каталонците имаа слабо прво полувреме, во кое примија гол, дело на Ансгар Кнауф, и не создадоа речиси ништо пред противничката мрежа. Меѓутоа, по паузата, тимот на Ханзи Флик целосно доминираше и оствари брз пресврт со два гола за три минути, кои ги постигна одбранбениот играч Жул Кунде.

Аталанта и Челзи играат со резултат 2:1 во натпревар од шестото коло на Лигата на шампионите. Жоао Педро го отвори резултатот во 25-тата минута. Џанлука Скамака израмни во 55-тата минута, а Шарл Де Кетеларе се запиша во 83-тата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик̶…