Дома Фудбал Ливерпул ќе потроши 450 милиони евра летово – на крај доаѓа најголемото засилување!?

Ливерпул ќе потроши 450 милиони евра летово – на крај доаѓа најголемото засилување!?

Напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, наводно му порачал на клубот дека сака да ги истражи можностите за заминување, јавува “Дејли Мејл”, а потврдува Фабрицио Романо.

Исак не се најде меѓу патниците за турнејата во Азија каде Њукасл ќе одработи дел од летните подготовки. Наводно станува збор за “помала повреда на бутината”, но информацијата за неговото отсуство предизвика голем број шпекулации, што беше и очекувано.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Неколку часа подоцна доаѓа директна вест за неговата иднина – сака да го истражи пазарот, додека паралелно бара и нов потенцијален договор со Њукасл со плата од околу 350.000 евра неделно. Интересот на Ливерпул не е опаднат ни за момент, иако за 95.000.000 евра го донесоа Уго Екитике.

Њукасл јасно истакна дека неговата цена се движи во регионот од над 150.000.000 евра, додека Ливерпул е подготвен да оди до 10.000.000 помалку. Се очекуваат интензивни преговори, особено откако играчот изрази желба за нова авантура. Предуслов е Ливерпул да го продаде Луис Дијаз, а најверојатно и Дарвин Нуњез.

„Свраките“ веќе бараат можен замена, сакаат „врвен“ напаѓач што им е потребно бидејќи не успеаја да го украдат Уго Екитикеа.

Алисон, Ван Дајк, Конате, Фримпонг, Керкез, Мекалистер, Храјвенберг, Собослај, Салах, Вирц, Екитике, Гакпо, Исак(?) и потенцијално вкупно потрошени скоро 450.000.000 евра за едно лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судиите во Премиер лигата ќе ги објаснуваат своите одлуки на публиката

Фудбалските судии во Премиер лигата на Англија ќе ги објавуваат одлуките што ќе ги донесат…