Дома Фудбал Левандовски: Не морам да се правдам, со години го носам товарот на цела Полска

Левандовски: Не морам да се правдам, со години го носам товарот на цела Полска

Напаѓачот на Барселона и капитен на полската фудбалска репрезентација, Роберт Левандовски, реши да се повлече од настапите на претстојните пријателски натпревари против Молдавија и Финска. Неговата одлука предизвика лавина од реакции во татковината, каде дел од јавноста и медиумите ја протолкуваа како непрофесионална и неискрена.

Сепак, 35-годишниот голгетер не остана нем на критиките и преку медиумски изјави реши да ја објасни причината за своето отсуство. Како што истакна, одлуката е донесена поради физичка и ментална исцрпеност по долгата и напорна сезона со Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не чувствувам потреба детално да се правдам. Во тој момент верував дека одлуката е исправна и стојам зад неа. Сметам дека репрезентацијата има капацитет да се носи и без мене. Полска не смее да зависи само од еден играч,“ изјави Левандовски, додавајќи дека со години наназад го носи товарот на националниот дрес, што не е ни малку лесно.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…