
Сампдорија разгледува опција за ангажирање на тренерот Даниеле Де Роси, но исклучиво доколку тимот остане во втората лига, Серија Б, пренесуваат италијанските медиуми.
Де Роси е без работа откако во септември минатата година беше отпуштен од Рома. Тој веќе имал состаноци со раководствата на Парма и уште еден прволигаш, но се чини дека има интерес и за потенцијалната понуда од Сampodoria, соопшти Фудбал Италија.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Иако Де Роси е сè уште под договор со Рома, извор од клубот сугерира дека прекинувањето на договорот би било возможно, бидејќи 41-годишниот тренер е ентузијастички настроен да ја продолжи својата кариера веднаш.
Најпрвин, потребно е Сампдорија да ја задржи својата позиција во Серија Б со одбрана на резултатот 2:0 во вториот натпревар против Салернитана. Овој натпревар ќе се игра на противничкиот терен, по иницијалниот дуел на 15 јуни.
Реваншот е одложен за 22 јуни, поради тоа што некои фудбалери на Салернитана и членови на стручен штаб беа хоспитализирани поради труење со храна.
Фото: Boca Juniors/X