Фернандо Алонсо отворено зборуваше за своите планови за иднината во Формула 1.
Тимот од Силверстоун со голем оптимизам гледа кон иднината, особено поради доаѓањето на познатиот дизајнер Адријан Њуи, кој треба да преземе клучна улога во развојот на болидот за сезоната 2026.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Фернандо Алонсо, шампионот од Овиедо, се надева дека токму во сезоната со новите правила ќе има прилика да го оствари она за што долго сонува.
Шпанецот во интервју за „BBC Sport“ ги сподели своите мислења за шансите на Астон Мартин во следните години.
Неговите зборови откриваат колку сериозно размислува за освојување на титулата пред да ја заврши својата кариера.
“Тоа е се уште сон. Па зошто да не?” изјави Алонсо.
“Знам дека 2026 е последната шанса, бидејќи 2025 ќе биде многу тешко остварлива.“
“Формула 1 е секогаш за оние кои сонуваат, бидејќи во овој спорт сè може да се случи. Ајде да видиме.”
Со високи очекувања, Алонсо се осврна на доаѓањето на Адријан Њуи, за кого верува дека ќе донесе неопходни иновации.
“Очекувањата за 2026 се високи поради новиот болид кој ќе биде создаден од Адријан.“
“Но тоа ќе биде и мојата последна сезона во Ф1”, рече Шпанецот.
Причината за навестувањето “последна сезона” ја гледа во неговиот договор со Астон Мартин, кој истекува на крајот на 2026 година, а реално Шпанецот ќе има тогаш 45 години што е и повеќе од доволно за заслужена пензија. Секако, толку години во Формула 1 претставуваат големо искуство, што за време на промената на правилникот може да биде многу значајно.